Поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба е на пат да стане нов премиер на Јапонија, откако победи во тесна партиска трка, што е негова петта и последна кандидатура за на чело на владејачката Либерално-демократска партија (LDP). Шеесет иседумгоишниот Ишиба тесно ја победи 63-годишната Санае Такаичи, тврдокорна и министерка за економска безбедност од 2022 година, во вториот круг од внатрепартиските избори.
Тоа беа едни од најнепредвидливите премиерски избори во последните децении, со рекордни девет кандидати.
На лидерот на LDP, партијата која речиси континуирано владее со Јапонија од крајот на Втората светска војна, практично му е загарантирана позицијата премиер бидејќи партијата ужива мнозинство во парламентот.
Како 101-ви премиер на земјата, Ишиба ќе го наследи Фуми Кишида, кој најави повлекување од функцијата во август по серијата скандали кои сериозно го нарушија угледот на LDP.
„Мораме да веруваме во народот, да ја зборуваме вистината храбро и искрено и да работиме заедно за да ја направиме Јапонија безбедна и сигурна земја во која ќе можеме повторно да живееме со насмевка на лицата“, изјави Ишиба пред пратениците по објавувањето на изборните резултати.
Тој има задача да го задржи гневот дома поради зголемените трошоци за живот, додека на надворешнополитички фронт се соочува со нестабилна безбедносна средина во Источна Азија поради сè поагресивната Кина и нуклеарно вооружената Северна Кореја.
Тој, исто така, ќе биде под лупа поради неговиот пристап кон неговиот најблизок сојузник, САД, имајќи предвид дека тој постојано повикува на побалансирани односи меѓу двете земји.
Во кампањата тој повика на создавање на азиско НАТО, но висок американски функционер веќе ја отфрли таа идеја како „брзoплета“.Амбасадорот на САД во Јапонија, Рам Емануел, му ја честиташе победата на X и напиша дека со нетрпение го очекува зајакнувањето на американско-јапонскиот сојуз.
Ишиба се противи на зголемената употреба на нуклеарна енергија и исто така ја критикуваше партијата што не дозволува брачните парови користат посебни презимиња.