Шиитскиот клерик ал-Садр победник на ирачките парламентарни избори

Партијата на влијателниот шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр освои најголем број мандати на ирачките парламентарни избори, додека партијата на поранешниот ирачки премиер Нури ал-Малики ќе биде втора по големина шиитска партија.

Шиитските партии доминираат во ирачките влади од американската инвазија во 2003 година, кога е соборен диктаторот сунитот Садам Хусеин, во чии влади имаше повеќе сунити.

Според првичните резултати од изборите со рекордно ниска излезност ал Садр освои повеќе од 70 мандати, со што ќе има значително влијание во формирањето на влада. Неговата коалиција на минатите избори имаше 54 пратенички места.

Ал-Садр, кој има тесна  соработка со шиитските религиозни челници во соседен Иран,  е против странското мешање во Ирак, а во 2003 година поттикна бунт.