Шиитскиот верски водач им се заканува на сунитските екстремисти во Ирак

Шиитскиот верски водач Моктада ал Садр ветил дека „ќе се стресе тлото“ под нозете на сунитските ектремисти чија офанзива е во тек во Ирак.

Садр, чии следбеници долго се бореле против американските сили во текот на војната во Ирак, исто така се спротивставил на тоа американските воени советници да се состанат со ирачките команданти, јавиле од АФП.

Тој во говорот кој го пренесува ирачката телевизија од шиитски град Нафаџа исто така рекол дека ја прифаќа „меѓународната поддршка на ирачката војска само од оние земји кои биле окупатори“, наведува АФП.

Првите американски трупи се распоредени со задача да помогнат на ирачката војска против побуната на сунитските екстремисти кои се повеќе зема замав, стигнале вчера во Багдад и почнале со работа, соопштил Пентагон.

Во меѓувреме, премиерот на Ирак Нусри ал Малики ја отфрлил можноста за формирање на влада на национално единство заради сузбивање на офанзивата на сунитските екстремисти, кои завземале значаен дел од ирачката територија.

Повикот да се формира влада на национално единство е државен удар на уставот и политичкиот процес, рекол Малики во телевизиското обраќање, пренеле новинките агенции.

Американските претставници го повикале Малики, инаку шиит, да формира влада во која ќе бидат вклучени и сунитите и Курдите.