Шиитските правоени форамции се подготвуваат за офанзива на Рамади

Шиитските правоени форамции кои се борат на страната на ирачките владини сили против сунитските бунтовнички групи денеска најавија дека се подготвуваат за офанизва за потиснување на џихадистите од Исламска држава од градот Рамади.

ИД изминатата ноќ воспостави целосна контрола врз градот Рамади, нанесувајќи им, како што соопшти, тежок пораз на ирачките безбедносни сили и покрај воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД.

При жестоките борбите за контрола над Рамади во изминативе неколку дена, според портпаролот на гувернерот на провинцијата Анбар, Муханах Хајмур, загинале околу 500 лица, меѓу кои има цивили и ирачки војници.

Претставникот на ирачката шиитска паравоена група Хашид Шааби, Али ал Сараи соопшти дека добиле инструкции за мобилизација на нивните борци, но одби да даде повеќе детали поради безбедносни причини.

– Хашид доби наредба за мобилизација и тоа со сигурност ќе се случи, додаде Сараи.

Друг претставник на Хашид Шааби, Јусеф ал Калиби изјави дека шиитскиите милиции заедно со владините сили подготвуваат планови за офанзива на Рамади.

– Варварскиот непријател ќе биде уништен, изјави Калиби, додавајќи дека се одзвале на повикот на шиитскиот верски лидер, големиот ајатолах Али ал Систини да се вклучат во борбата против ИД.

Според портпаролот Хајмур, Рамади го напуштиле околу 8.000 жители, што е прв поголем бран бегалци по големиот егзодус во април кога според официјални податоци, градот и околните села поради жестоките борби го напуштиле дури 114.000 лица .

Низ улиците во градот, кој е престолнина на провинцијата Анбар, можеле да се забележат голем број мртви тела, а според локалните власти, ИД извршила масовни убиства врз ирачки војници и локлани цивили.