![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Capture-44.jpg?resize=622%2C357&ssl=1)
Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација, објави Шилегов на ФБ. Не спомна каква е и кој ја направил анализата и кои се тие граѓани и во колкав број ги има оние што ќе се качат во 5 чаот наутро за да се возат во автобусите на ЈСП.
Наместо од 6 часот, со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 21–05 часот, јавниот превоз ќе почне да сообраќа од 5 , најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
„Заради проблемите коишто денес се појавија во јавниот превоз во Скопје, денес побаравме од Владата и беше донесена одлука да се скрати полицискиот час од 21-05 часот, а со цел избегнување на утринските гужви во автобусите. Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација. Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните. Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома“, стои во објавата на Шилегов.
Не спомна каква е и кој ја направил анализата и кои се тие граѓани и во колкав број ги има оние што ќе се качат во 5 чаот наутро за да се возат во автобусите на ЈСП.