10.8 C
Skopje
среда, јануари 8, 2025

Шилегов нема поим дека во Усје инспекцијата редовно ја мери емисијата на гасови

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се покажа како тотален лаик и непознавач на состојбите кога е во прашање загаденоста на воздухот, што деновиве е тема број еден во јавноста и околу која се препукуваат партиските претставници, кој е помалку или повеќе виновен за нерешавање на проблемот.И покрај сите реакции на граѓаните дека се гушат од загадениот воздух и апелите до надлежните за преземање на мерки, Шилегов вчера изјави дека немало досега вредности на загадување над 100 мг на метар кубен за да се активираат мерки и дека : „годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови“…!Во интервју за Алфа ТВ, пак, Шилегов исто така покажа тотално непознавање и неинформираност во врска со загаденоста во градот, кога изјави дека: „доколку тој би имал ингеренции врз Државниот инспекторат за животна средина, би испратил инспектори во фабриката Усје. „Јас, ако би бил во позиција да имам ингеренција на Државниот инспекторат, по основ на информациите за согорување на нус производи, сметам дека би требало да се направи инспекциски надзор и резултатите да се споделат со јавноста“, рече тој.

А, само пред неколку денови, поточно на 12 декември, во медиумите беше објавена информацијата од извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина во ТИТАН Цементарница  Усје АД Скопje, во врска со употребата на алтернативни горива.

Во него, меѓу другото, стои дека :.. „ТИТАН Цементарница  Усје АД Скопje поседува дозвола за увоз на алтернативното гориво RDF (Refuse Derived Fuel) со бр. УП1-11/2-159/2019 од 29.05.2019г. во количина од 10.000 тони (тарифен бр.382590 90 33) за цела 2019 година. Досега во 2019г. има увезено само 5.000 тони од споменатото алтернативно гориво. Пратката е обезбедена со Меѓународна нотификација според Базелската конвенција за нејзино прекугранично движење преку земјите во Европската Унија. Алтернативното гориво RDF (Refuse Derived Fuel) потекнува од фирмата DECO S.P.A- Preveza, Италија. Покрај ова алтернативно гориво, како RDF се користат и лушпи од оризова арпа набавени од Кочанскиот регион во Република Македонија…

 …ДИЖС во Цементарницата Усје АД Скопје редовно врши редовни инспекциски надзори во секој квартал од годината, а почесто и вонредни инспекциски надзори, зависно од потребата. Последен пат ДИЖС во Цементарница  Усје АД Скопje има извршено вонреден инспекциски надзор на 12.11.2019г…При надзорот беше извршен и увид во континуираниот 24 часовен мониторинг на емисија на гасови од оџакот на печките за параметрите : NOx, SOx , CO, CO2 и прашина.

…Според мониторингот, измерените вредности на наведените параметри се во рамките на ГВЕ ( Гранични вредности на емисија), определени во А–Интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план и Правилникот за гранични вредности на емисија на гасови од стационарни извори.