Шилегов ноншалантно: Скопје нема проблем со аерозагадувањето

Вечерва во Ново Лисиче е црвена фаза или 248 пм 10 честички аеро загадување. Наспроти ова Шилегов изјави дека Скопје нема проблем со аеро загадувањето и откако тој бил градоначалник воздухот бил подобрен иако не кажа кои конкретни мерки ги превземал за ваквата состојба.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ на последната седница на советнички прашања му постави прашање на градоначалникот Шилегов до каде е гасификацијата на Скопје која треба да биде сериозен чекор во борбата против аеро загадувањето.

=Загадувањето останува проблем, а дел од тоа загадување се должи на издувните гасови од домаќинствата и индустриските капацитети. Пред неколку години е оформено акционерското друштво Градски енергетски системи кое што требаше да биде и главен дистрибутер на гасот. Дали во 2021 година конечно може да се очекува проток на гас низ гасоводот?, праша советничката Жугиќ.

На ова Шилегов одговори дека Скопје нема проблем со аерозагадувањето.

– Палење на гума и пластика е нешто што не ни се случува долж индустриските капацитети во градот Скопје. Имаме сериозно подобрен квалитет нас воздух во Скопје. Ние за среќа немаме проблем со аерозагадувањето што незначи дека е доволно, ние ќе продолжиме да работиме да нема толку загадени денови, изјави Шилегов.

Тој додаде дека проблемот со аерозагадувањето не е проблем на Скопје, туку е прашање на државата и одлуката која треба да ја донесе дали гасификацијата ќе биде јавна комунална дејност или ќе биде јавно приватно партнерство на ниво на цела држава.