Шилегов платил за чистење снег, кој го нема

Огромен скандал во начинот на трпшење на државните пари откриваат документите до кои стигнал „Економски Лидер“. 

Според докумените на кои се повикува порталот, 64.900.000,00 денари изенсува договорот кој скопскиот градоначалник Петре Шилегов го склучил со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување возила за чистење снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за оваа и за наредната зима.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво (имаш ова во договорот прилог), се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.

Само за првите два месеца (15-ти ноември 2019 до 15-ти јануари 2020) Петре Шилегов кон фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари.

Снег годинава не видовме. Според временските прогнози снег нема да има и до крајот на оваа зима (15-ти март согласно договорот на Шилегов) и тоа ќе значи дека оваа зима фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра. Значи над половина милион евра за ништо, за скоро нула денари трошок.