Шилегов по изборот на новото раководство на СДСМ – „Во бестрага“

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, очигледно незадоволен од изборот на новото раководство на СДСМ, како коментар за новите кадри, на својот фејсбук профил ја објави песната „Во бестрага“.

СДСМ вчеравечер ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костовакоја е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.

Претходно, на 30-от партиски конгрес одржан во неделата за заменик-претседателка беше избрана Фани Каранфилова-Пановска.