Шилегов распука против Зечевиќ – ескалираат кавгите во СДСМ

Продолжуваат кавгите и поделбите во СДСМ. Веќе и не се знае кој со кого и против кого е.

Последната во низата е меѓу екс градоначалникот на Скопје, виден член на СДСМ и поранешен пратеник и портпарол, Петре Шилегов со генералниот секретар во оставка Миле Зечевиќ.

Тој си го додаде прекарот Вардарски, па Шилегов на социјалните мрежи му напиша:

Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув”.

Шилегов не објаснува на што се должи ваквата реакција на поранешниот градоначалник на Град Скопје, но може да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.

На Зечевиќ му забележуваат дека СДСМ во време кога тој е генерален секретар го доживеа историски најголемиот историски дебакл, лошата кадровска политика, присуството на формирањето на партијата на Данела Арсовска.

Facebook