Што се криело во бизнисот на компанијата од Грција, „Актор“, прашува портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов.
„На премиерот Груевски му поставивме конкретни прашања околу реализација на проектот Демир Капија Смоквица, на коишто наместо него, реагираше неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Бидејки Никола Груевски е најдобро упатен во доделениот бизнис на компанијата од Република Грција, Актор, и од неговата партија е можно да не се добро запознаени, посебно околу финансиските аспекти, го повикуваме Премиерот, тој лично да одговори“, вели Шилегов.