Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители, бидејќи тоа ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.
– Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена – вели Шилегов.
Тој исто така додаде дека Градот не се откажал од изградба на тунелите под Кале.
– Не се откажуваме. За тунелот под Кале, не сум човек што импровизира. Подобро да изгубите време во проектирање и планирање за да имате квалитетна изведба. А, не да ви се случи Кичево-Охрид. Новиот тендер ќе биде распишан. Крајот на другата година очекувам да имаме спремен проект за да може да се распише тендер – вели Шилегов.