Ширум Италија илјадници ученици протестираат против образовниот систем

,Torino, 18 febbraio 2022. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Илјадници ученици излегоа во петокот на улиците на градовите ширум Италија протестирајќи поради смртта на двајца ученици во текот на практичната настава и негодувајќи поради италијанскиот систем на матура.

Во северната метропола Торино во петокот избувнале судири меѓу полицијата и младите демонстранти, извести службената новинска агенција Ansa. Според извештајот, врз седиштетот на деловното здружение Confindustria биле фрлени вреќи со боја, а некои од демонстрантите се обиделе да провалат во канцелариите.

Протести се одржани и во Рим, Милано и Неапол. Изливите на незадоволство на средношколската младина се разгореа по двата смртни случаи: на 16-годишник во текот на училишната пракса кој пред неколку дена загина во сообраќајна несреќа во централниот регион Марке, а 18-годишник кон крајот на јануари загина во несреќа при работа во близина на Удине.

Во Италија, според системот на министерството за образование, младите во повиските класови се задолжени да стекнуваат практично искуство во стопанството и другите деловни сектори.

Двете несреќи ги разгореа долготрајните ученички незадоволства и повремени протести. Демонстрантите бараат да се прилагоди системот на училишната пракса. „Во училиште не смее да се умре“, пишувало на некои од транспарентите истакнати на протестот во Милано.

Главната причина за средношколските протести е и матурата, за којашто министерот за образование Патрисио Бјанки сака учениците повторно да ја полагаат како и пред епидемијата на коронавирусот, односно со писмен наместо со устен испит. Младите го критикуваат фактот што во текот на пандемијата не се стекнале со соодветна подготовка со повеќемесечната настава на далечина.