Протести за поддршка на Палестинците се одржаа во саботата во околу сто шпански градови, барајќи од меѓународната заедница „да го запре геноцидот“ на Израел врз палестинскиот народ, а истовремено пропалестински демонстранти од француската престолнина париз свројот марш низ Париз имаат намера да го продолжат до Брисел до Европскиот парламент во знак на поддршка за палестинскиот народ.
Под слоганот „Да го запреме геноцидот во Палестина!“ Во Мадрид се собраа 25.000 демонстранти, соопшти локалната полиција.
„Протестирам затоа што Палестинците се етничко чистење и геноцид“, изјави за медиумите Диармуид, еден од групата Ирци. „Израел ги истера луѓето од Појасот Газа кон Египет на варварски начин. Околу два милиона луѓе веќе немаат куќа во која да живеат“, додаде тој. Ирецот вели дека „со оглед на сегашното израелско оводство, иднината таму е мрачна и песимистичка“.
Демонстрантите носејќи палестински знамиња тргнаа од железничката станица Аточа кон центарот на градот извикувајќи „Израел, убиец на палестинските деца“ и „Ова не е војна, ова е геноцид“.
Повеќе од 24.000 палестински цивили се убиени во нападите на израелската армија од октомври, а околу 900 се водат како исчезнати под урнатините, изјави специјалната комесарка на ОН за човекови права, Франческа Албанезе, која е во посета на Мадрид. Таа додаде дека во Појасот Газа нема новинари и дека во израелските напади загинале повеќе од 100 новинари и над 130 вработени во ОН.
„Тоа е документиран геноцид. Повеќе од 70 отсто од убиените се жени и деца“, рече Албанезе на шпанската телевизија. Според ОН, повеќе од 62.000 палестински цивили се ранети. Албанезе, исто така, рече дека европските влади не слушаат што им кажуваат нивните граѓани од улиците и плоштадите, туку премолчено учествуваат во геноцидот поддржувајќи ја израелската влада.
Демонстрантите излегоа и на улиците на многу други градови, како Толедо, Виго и Жирона, каде побараа воведување санкции против Израел и бојкот на неговите производи.
Министрите за надворешни работи на 27-те земји од Европската унија се состануваат во понеделник во Брисел за да разговараат за решение на конфликтот, но поради поделбата меѓу владите во знак на солидарност со Палестинците, како што е Шпанија, и оние кои ја поддржуваат владата на Израел, како на пр. Германија, не се очекува консензус.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во петокот на шпанското радио изјави дека ќе предложи да се признае палестинската независност без оглед на противењето на Израел.
Демонстрантите во Мадрид, исто така, ги обвинија САД дека „му помагаат на Израел во геноцид“. На еден од транспарентите пишуваше „Бајден, убиец!“.
Амбасадорката на Израел во Мадрид во средата во интервју за весникот El Mundo изјави дека нејзината влада ќе продолжи со воената операција, додавајќи дека „бранот на антисемитизам ги зафати Шпанија и Европа“. Таа одби да разговара за решението за формирање на две меѓународно признати држави, Палестина и Израел, што е решение кое овој месец јавно го предложи шпанскиот крал Фелипе Шести.
Неколку стотици луѓе излегоа во саботата и на улиците на Париз за да ја изразат поддршката на палестинскиот народ. Акцијата ја организираше здружението Urgence Palestine. На плакатите на учесниците можеа да се прочитаат паролите „Да маршираме за Палестина, да го запреме геноцидот!“, „Престанете да ги убивате нашите деца!“ извикувајќи го слоганот „Да живее борбата на палестинскиот народ“.
Маршот започна на Плоштадот на Републиката во Париз. Како што изјавија учесниците, тие планираат да стигнат до Брисел, каде на 1-ви февруари имаат намера да организираат митинг пред Европскиот парламент. Се надеваат дека ќе го свртат вниманието на политичарите на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и потребата од политичко решение на конфликтот.
Тие повикуваат на итен прекин на огнот, укинување на блокадата на Појасот Газа, воведување санкции против Израел и повикување на Израел веднаш да престане со бомбардирањето на цивилите во Појасот Газа.