Жена со автомобилот се заглавила во кал во австралиската дивина, а имала само грицки и шише вино со себе. Токму шишето вино ѝ го спасило животот на заколната антиалкохоличарка.
Лилијан Јип минатата недела тргнала на кратко патување со автомобил во австралиската држава Викторија, но го погрешила правецот и заглавила во калта.
Со себе имала грицки и шише вино, кои планирала да ѝ ги подари на мајка си. Пет ноќи подоцна била пронајдена од службите за итна помош кои ја надлетале областа со хеликоптер ,како дел од потрагата по неа.
Таа била пронајдена на околу 60 километри од најблискиот град, но поради здравствени проблеми, не можела да оди пешки до него. Немала вода, но имала грицки и вино.
-Единствената течност на Лилијан, која не пие алкохол, а ја имаше со себе, беше шише вино што го купи како подарок. Виното ѝ го спаси животот, изјавил шефот на полицијата Мартин Торпи.
Жената била пренесена во болница поради дехидрација, но набрзо била пуштена дома.