Шизофренијата е вториот најризичен фактор за фателен исход од Covid-19

Американските научници откриле дека шизофренијта, по повозраната животна доба, е вториот најризичен фактор за смртен исход како последица на компликациите предизвикани од Covid-19 се наведува во прилогот на научниот портал Science Alert.

Истражувањето било спроведено во периодот меѓу март и мај минатата година, врз 7.350 жители на Њујорк, кои биле позитивни на коронавирусот, а научниците ги следеле 45 дена по поставувањето на дијагнозата.

Меѓу нив имало 75 пациенти кои боледувале од шизофренија. Студијата покажала дека ризикот од смртен исход од Covid-19 кај овие пациенти бил речиси трипати поголем во однос на пациентите кои не боледувале од ова нарушување, утврдиле научниците. Тоа значи дека во спомената група испитаници, шизофренијата била на второто место според ризикот од смрта од коронаинфекцијата, веднаш зад поголемата возраст на пациентите.

„Нашите резултати покажаа дека луѓето коишто боледуваат од шизофренија се извонредно ранливи на Covid-19“, вели психијатарката Кетлин Немани, од њујоршскиот универзитетски Медицински центар Ленгон.

Шизофренијата е ментално нарушување кое ја менува перцепцијата на пацеинтот за стварнота и влијае врз неговото расположение.

„Ова се разултати кои алармираат. Тие пациент и онака се меѓу најранливите членови на општеството за коишто повеќето здравствени системи во светот недоволно се грижат“, пишува во прилогот Том Полак, психијатар од лондонскиот Кралски колеџ, кој не учествувал во истражувањето.

Болеста може значително да го наруши имунолошкиот систем кај ваквите пациенти, па тоа е можната причина за ранливоста на Covid-19, тврдат авторите на споменатата студија.

Експертите кои не биле вклучени во ова истражување се попретпазливи со заклучоците и веруваат дека резултатите од студијата може да се објаснат со други коморбидитети, како што се дебелината на која шизофрените се склони.

Измачувани од паранојата и стигмата а поради тоа често се осамени, заболените од шизофренија неретко избегнуваат да бараат помош. Дури и без коронавирусот, тие имаат полошо физичко здравје и покус животен век од просечниот.

И покрај разликите во ставовите, студијата недвосмилсено укажува на тоа дека е потребно да се концентрира на помошта на ранливите групи, каде што заболените од шизофренија во секој случај спаѓаат.

„Истражувањето упатува на тоа дека лицата кои боледуваат од шизофренија треба да бидат вброени во групата на висок ризик и да им се овозможи брз пристап до вакцините“, наведува психијатарот и епидемиолог Метју Хотопф од лондонскиот Кралски колеџ, кој не учествувал во студијата.

Друго истражување, од кои резултатите беа објавени во списанието JAMA Psychiatry покажало дека кај лицата со нарушување на расположението, како анксиозноста, не е воочен зголемен ризик од смртен исход како последица од Covid-19.