Дигресија: Во контекст на избор за Претседател на Македонија, ниту еден од кандидатите немаат одговор на прашањето: Колкав е вкупниот рекламен колач на приватните трговски друштва во Македонија на сите видови платформи? Нивниот одговор им го препорачувам да биде вака: Валидната институција, а знаеме дека е неверојатно скапо платена, која може да ни даде таков тип на информација за последниве 34 години, едноставно не е заинтересирана да комуницира стопанските комори.. Значи нашите врвни политичари се доведени во ситуација да некои меѓународни инвеститори за медиуми во иднина кажат: ПОИМА НЕМААТ овие во Македонија.
Постои една убава мисла со која многу медиуми ширум светот мора да се гордеат и да ја употребуваат на многу квалитетен начин – „Успехот никогаш не е конечен. Поразот најмалку е тотално фатален, ама Борбата е вечна“.
Оваа мисла мора да се разбере вистински и суштествено за да може да се применува вистинската преамбула за било која регулатива за медиумите која започнува и завршува со следниве зборови:
„Законите за медиуми имаат за цел да го заштитат јавниот интерес со разрешување на недоразбирањата на релација медиуми-држава, медиуми- граѓани и држава-граѓани, а сепак на крајот да биде признато и сеопфатно државнички прифатено дека медиумите се трговски друштва, кои мора да функционираат на прифатлив комерцијален начин за вработените и државата и на крајот за самите сопственици“.
Од почит кон моите поранешни колеги од ТРД ТВ Канал 5 ДООЕЛ-Скопје со кои сум делел леб, воздух, пот, насмевки, тага, маки, проблеми и многу среќа, па чак и купачи за во базени, јавно го повикувам Гаврил Бубевски јавното писание кон овие мои колеги од соодветниот политички субјект да го смета за повик за линч кон сите нив поединечно, како и кон сите деловни партнери/рекламери и сите нивни вработени. Дополнителни епитети им оставам на новинарите и сите политичари.
Но, кој ги брани медиумите. За жал ова е тажната вистина:
Нашето медиумско поднебје сакаат да го контролираат личности кои ги имаат запоседнато неколку организации кои немаат допирна точка со медиумската регулатива, а при тоа промовираат дека имаат поддршка од страна на амбасадор од Кралството Холандија, кој пак не разбира дека е злоупотребен од нивна страна и затоа доби епитет на арогантен и невоспитан кој на индиректен начин деморализира и уништува општествено уредување.
Впрочем промоција да некој се самопрогласува за интелектуалец или професионалец јас го доживувам тоа на два начина.
Првиот. Кога Јапонец прашува: Што правите? Тие одговараат: Ништо. Еве. Работам. Јапонецот уште е збунет.
Вториот. Во сред пандемија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кога Скопје го затворија 4 дена во карантин, он од патриотски причини си отиде во неговата вила во Маврово.
Што се случува на вистинскиот терен кај медиумите во последните 20 години? Малку ретроспективно во неколку точки:
- Во 2004 година се врши упад на македонскиот пазар со доделување по партиска директива на СДСМ на дополнителни 3 ТВ станици на национално ниво поради опозициското однесување на А1 и Сител;
- Во 2005 година се дава дефиниција дека национален медиум мора да опслужи со сигнал 80 % од население, а не на територија. Со тоа новата дефиниција е: Национална ТВ станица е онаа која ќе ги исполнува следниве три функции: информативна, забавна и образовна. Всушност, за разлика од МРТВ, приватните имаат можност за поголема комерцијализација на програмата и времето за реклами. Напомена: За ваков тип мора да се разбере дека нема никакво место во наредните 30 години. Една постоечка ТВ станица не исполнува елементарни финансиски услови на база на пазарна конкурентска вредност во последните 15 години. Агенцијата за медиуми слободно може да им ја одземе дозволата кога сака.
- Во 2006 година Американците со Нонпејпер се закануваат на Македонија да го реши криминалот со кредит за развој на А1, која мора да го врати. А1 го враќа кредитот. Америкаците и Владо Бучковски со неверојатен дипломатски и државен Бон Тон. Напомена: А1 во тој момент е прогласена за телевизија со најдобар програмски концепт во Југоисточна Европа;
- Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ започнува со доделување на државни реклами, со посебен акцент на пари во А1 телевизија. Главен и одговорен уредник од 2007 до 2011 кога е затворена А1 е Младен Чадиковски;
- Во 2008 година СДСМ повторно врши упад на медиумскит пазар каде со команда кон Штерјо и Кираца се отвара Алфа ТВ со измислена сателитска национална лиценца;
- 2011 ВМРО-ДПМНЕ со сета сила ја одзема лиценцата на А1 Телевизија. Велија Рамковски ќе изјави: Претеравме со новинарството. Главен и одговорен уредник е Младен Чадиковски.
- 2012 и 2023 година Зоран Трјчевски поранешен организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна претседател на Совет за Радиодифузија и сега директор на АВМУ проба да му ја одземе дозволата на првото со дозвола за вршење радиодфузна дејност Радио Канал 77. Биле комуњари.
- Од 2012 до ден денес во Македонија се коментираат сите спортски канали на српски и на хрватски јазик, со што директно се нарушува Уставот на Македонија;
- СДСМ е на власт од 2017-2024 година. Наместо да направат револуција во медиумите си го преспаа периодот, па сега им се криви новинарите. Едноставно може да се заклучи дека раководството нивно е заложник на „ШАРЛАТАНИ“ експерти за медиуми;
Сепак, моите другари едни од основачите на Онлајнмедиа.мк ќе мора да признаат дека пред точно една година им кажав да внимаваат на ветувањата на политичарите и дека нема да им го регулираат статусот како медиуми.
Со огромно жалење денес потврдувам дека 249 ваков тип на медиуми се пријавиле за претстојните изборни кампањи. Моите заклучоци на база на сериозни информации за однесувањето на Државната Изборна Комисија, АВМУ и тн, професионални медиумски организации се загрижувачки за нивниот пристап како дозволиле ваков неразумен број.
Во следната колумна на ќе ги изнесам сите информации.
Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес