Шкендија на чекор до титулата во ПМФЛ

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 27. коло по кое Шкендија ја зголеми предноста пред конкурентите за шампионскиот трофеј.

Резултати:
Македонија ЃП – Борец 2:1
Пелистер – Силекс 3:2
Шкендија – Академија Пандев 1:0
Шкупи – Беласица 0:1
Струг Трим Лум – Работнички 1:1
Вардар – Ренова 1:1

Табела: Шкендија 62 бода, Шкупи 49, Македонија ЃП 47, Струга Трим Лум 41, Работнички 40, Пелистер 35, Борец 33, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 28, Вардар 28, Беласица 17.