Шкендија оди понатаму во Конференциската лига

Шкендија одигра 2-2 на гостувањето кај Арарат и со вкупни 4-2 се пласира во второто квалификациско коло од Конференциската лига, Академија Пандев со 2-1 загуби во Скопје од Лехија и во скупни 6-2 е елиминирана од европските натпреварувања.

Шкендија со предност од 2-0 отпатува во Ерменија, таквата предност ја правеше фаворит за вкупен победник и тоа се случи. Малку фалеше тетовскиот тим да дојде до уште една победа.

Ситуацијата за домаќините стана уште потешка на самиот почеток, Браво си постигна автогол во втората минута за водство на Шкендија од 1-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме Гури постигна гол за водство на Шкендија од 2-0, веќе беше јасно кој ќе оди во следното колот.

Во второто полувреме Малакјан даде два гола и го израмни резултатот на 2-2, што беше и конечен исход на мечот.

Шкендија во следното квалификацико коло ќе игра со Валмиера од Летонија.