Шкендија во финишот го скрши Пелистер, Шкупи убедлив против Вардар

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет натпревари по кои водечките две екипи освоија нови три бода.

Шкендија во финишот го скрши отпорот на Пелистер, додека Шкупи беше сигурен против Вардар. Третопласираната Македонија ЃП, пак, беше изненадена дома од Силекс.

Резултати:
Борец – Беласица 1:0
Македонија ЃП – Силекс 0:3
Шкендија – Пелистер 1:0
Шкупи – Вардар 2:0
Струга Трим Лум – Ренова 0:0.

Вчера: Работнички – Академија Пандев 0:2.

Табела: Шкендија 53 бода, Шкупи 43, Македонија ЃП 38, Струга 34, Работнички 32, Борец 32, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс 26, Академија Пандев 25, Ренова 24, Беласица 13.