Фудбалерите на Шкендија одиграа нерешено 1:1 во рамките на првиот натпревар од првото квалификациско коло од Лига Европа.
Тимот од Тетово во финишот на дуелот дојде до израмнувањето, откако гостите од Шкотска поведоа на дуелот што се одигра на Националната Арена “Филип Втори” во Скопје.
Абердин поведе во 79-та минута со голот на Наил Мек Ген, додека Христијан Кировски само што влезе во игра од првиот контакт со топката успеа да го совлада голманот на Абердин Дени Вард поставувајќи ги конечните 1:1.
Другите два македонски претставника во оваа фаза од натпреварувањето Работнички и Ренова претрпеа минимални порази од 1:0.
Работнички вчера загуби на гостувањето во Естонија кај Флора, додека Ренова го загуби дуелот со екипата на Дачија од Молдавија во Скопје.
Реванш натпреварите трите екипи ги играат на 9-ти јули (четврток).