Шкотска бара од Обединетото Кралство да ја признае државата Палестина

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф во вторникот испрати писмо до британскиот премиер Риши Сунак во кое го повика Обединетото Кралство формално да ја признае државата Палестина и „да стави крај на политичкиот ќорсокак којшто ги осуди Израелците и Палестинците на повторени циклуси на насилство“.

Писмото, испратено пред дебатата за состојбата на Блискиот исток во шкотскиот парламент, беше испратено и до челнмикот на опозицијата во британскиот парламент, Кир Стармер. Јусаф во него ги осудива злосторствата извршени од Хамас на 7-ми октомври и повика на ослободување на заложниците, како и на итен прекин на огнот.

„Бројот на невини Палестинци кои ги губат своите домови, животи и средства за живот расте секој ден. Поддршката што владата на Обединетото Кралство ја даде на Израел додека се растеше уништувањето во Газа, ја зголемува неговата морална одговорност да користи какво и да е влијание за да го запре убивањето сега“, напиша премиерот на Шкотска во писмо испратено до медиумите.

„Сегашниот прекин на огнот е единствениот начин на кој може да се стави крај на убиствата и страдањата на невините цивили“, истакнува Јусаф.

Шкотската влада е „длабоко загрижена“ од последните предупредувања на Израел до Палестинците кои живеат и се кријат во Кан Јунис да ја напуштат областа. „Хуманитарните последици од ова е тешко да се проценат“, предупедува премиерот Јусаф.

Вели и дека „по присилната евакуација на населението“ од северот на Газа, „ова го зајакнува впечатокот дека сме сведоци на постепено, но намерно, протерување на Палестинците од целата територија, а со тоа и кршење на меѓународното право“.

Шкотскиот премиер нагласува и дека Обединетото Кралство треба да работи со меѓународната заедница за „еднаш засекогаш да го прекине политичкиот ќорсокак што ги осуди Израелците и Палестинците на последователни циклуси на насилство“.

„Ова би било помогнато ако Обединетото Кралство ќе ја признае државата Палестина во границите од 1967 година, како што направија повеќе од 130 членки на Обединетите нации, вклучително и девет членки на Европската унија, и како што вети новата шпанска влада“, напиша Јусаф. .