Ова е неверојатен момент за оваа земја. Имаме своја слобода, и треба максимално да ја искористиме. Ова се зборовите на британскиот премиер Борис Џонсон во својата новогодишна порака, окарактеризирајќи го излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, со која засега само ги врзува трговската спогодба.
Колку тоа ќе трае, останува да се види. Џонсон на британците им порачува дека ќе направи „велесила“, водечка во борба против климатските промени и ќе отвори милион работни места за високообразовните.
Бртинаскиот премиер е убеден дека „инстинктот ќе ги натера луѓето да се обединат – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска и дека работејќи заедно ќе ја покажеме нашата вредност во Светот“. Тоа би можело да биде голем проблем, затоа што Шкотска не се сложува со Лондон.
Премиерката на оваа земја, Никола Стерџен на Твитер порача до челниците на ЕУ: „Шкотска наскоро се враќа. Оставете ги светлата запалени“.
На тој пат веројатно ќе се надје и Северна Ирска.
Гибралтар засега останува дел од Обединетото Кралство, но Лондон и Мадрид во последен миг потпишаа спогодба со која ќе овозможат чување на слободата на движење на границата меѓу Шпанија и Гибралтар. Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја порача дека Гибралтар останува членка на европскиот договор, како дел од Шенген зоната.