Шкупи во финишот го скрши отпорот на Пелистер

Шкупи го победи Пелистер со 1:0 во единствениот денешен натпревар од 4-то  коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на голот вреден три бода за чаирчани беше Дембо Дарбо во 88. минута.

На саботните средби постигнати се овие резултати:
Академија Пандев – Струга Трим Лим 1:0
Македонија ЃП – Беласица 2:1.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите: Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.

Табела: Шкупи 10 бода, Силекс 7, Шкендија 7, Македонија ЃП 6, Ренова 5, Работнички 5, Пелистер 5, Борец 4, Струга 4, Вардар 4, Академија Пандев 3, Беласица 0.