Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови. Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.
САД нотира дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди.
ВМРО-ДПМНЕ изминатите шест години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери.
Ова е шлаканица за Владата на СДС и ДУИ од САД.
Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат.
Потребна е одговорност, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.