Шмигал го повика Западот да му префрли на Киев 300 милијарди евра, руски замрзнати средства

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француски медиуми.

-Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.

„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.