Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, ги повика во четвртокот челниците на Европската унија да им испрати порака на охрабрување на шесте балкански земји за членството во Унијата на самитот следната седмица.
Шмит го упати апелот додека членките на ЕУ настојуваат да се договорат дали ќе им ја гарантираат иднината во блокот на шесте земји од регионот на самитот во Словенијана 6-ти октомври.
„Самитот треба да ја пренесе јасната порака дека Европа е заинтересирана за европски Балкан“, вели Шмит за Reuters.
Агенцијата претходно седмицава објави дека ЕУ веќе не сака да им гарантира идно членство на шесте земји од западен Балкан, на кои своевремено им ветуваше место во блокот, стои во интерен извештај, што го потврдиле четворица дипломати.
„На претстојниот самит во Словенија, ЕУ планираше да го повтори ветувањето од пред 18 години дека ќе даде недвосмислена поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, стои во нацрт-декларацијата на самитот цитираше во вторникот агенцијата Reuters.
Канцеларијата на Шмит го надгледува спровеувањето на Дејтонскиот договор од 1995 година со кој беше завршена војната во БиХ, а беше направен обид да се направи рекомпонирање на целиот регион тресен од етничките судири предизвикани од распадот на некогашната СФР Југославија.
Шмит предупредува дека повторно расте можноста за тензии на Балканот. Се разгоре спорот меѓу Србија и нејзината еднострано отцепена поранешна покраина Косово, а во регионот расте фрустрацијата поради слабото напредавање во преговорие за проширувњето на ЕУ.
Самитот во Словенија би требало, барем според најавите, да го заживе прашањето на проширењето, но е попречен од несогласувањето меѓу членките на ЕУ за тоа дали блокот треба да ги повтори своите ветувања дадени за Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија, па и Косово за членство во Унијата. Притоа, проврзаниците на проширувањето предупредуваат дека на Балканот јакнат влијанијата на Кина и на Русија додека ЕУ се колеба.
Шмит, кој е поранешен германски министер, пповика на конкретни потези за помош преку кои шести земји ќе се приближат на Унијата и ќе го подобрат животот на нивните државјани. Тие чекори би можело да вклучуваат подобра инфраструктура, посилни економски врски меѓу Балканот и ЕУ, додава.
„Државјаните и политичарите на шесте земји… чекаат јасен сигнал кој ќе го отвори патот за поблиска соработка со ЕУ“, изјавил Шмит за Reuters во средата.
Предупреду дека многу млади во БиХ, обесхрабрени од недостигот од напредок кон членството во ЕУ, се подготвени да се иселат.
„Има многу образовани луѓе кои не работат на Балканот, бидејќи не можат да најдат работа таму или затоа што заминале во странство, да работат во Австрија или Германија“, рекол Шмит.