
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во телефонскиот разговор со својот француски колега Себастиен Лекорну за ситуацијата во Украина при што го информирал за можна провокација од страна на властите во Киев со ткн „валкана бомба“, се вели во кусото соопштение во неделата на руското Министерство за одбрана
Во соопштението коешто го пренесува агенцијата ТАСС, во разговорот тема била ситуацијата во Украина „којашто има постојана тенденција на натамошна неконтролирана ескалација“.
Од руското министерство за одбрана се истакнува дека Шојгу „на својот француски колега му ја пренел загриженоста за можни провокации од страна на Украина со употреба на валкана момба“.
Подоцна во неделата Шојгу телефонски разговор и со турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, кому, исто така, му ја изразил загриженоста на Москва поради можните провокации од страна на Киев со оружје за масовно уништување.
Претходно беше и објавено дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговарал и со шефот на американски Пентагон, Лојд Остин, кој исто така разговарал и со украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.
Претходно во неделата агенцијата РИА објави дека Москва добила доверливи информации од неколку земји дека властите во Киев наводно подготвуваат провокација на територијата којашто ја контролира украинската војска со активирање на ткн „валкана бомба“ или тактичко нуклеарно оружје со мала моќност.
Целта на провокацијата, како што наведува агенцијата, е да биде „обвинета Русија за наводна употреба на оружје за масовно уништување во украинскиот театар на воени операции и со тоа да започне моќна антируска кампања со цел да се поткопа довербата во Москва.
Во прилогот се истакнува дека од „различни извор“ биле добиени сознанија дека „под водство на западните куратори, Киев веќе го започнал остварувањето на овој план“.
Се прецизира дека водството на комбинат за рударство и преработка лоциран во градот Желти Води во Днепропретровскиот регион, во централно-источна Украина, како и од Киевскиот институт за нуклеарни истражувања, добиле задача да направат „валкана бомба“. Се додава дека подготовките се во „завршна фаза“.
Истовремено, како што се наведува во прилогот, луѓе од тесното опкружување на украинскиот претседател Владимир Зеленски одржуваат тајни контакти со претставници на Велика Британија по можно предавање компоненти од нуклеарно оружје за украинските власти.
Според процените на организаторите на ваквата провокација е доколку таа биде успешно спроведена, повеќе земји ќе реагираа крајно остро на „нуклеарен инцидент“ во Украина. Како резултат на тоа, Москва ќе ја загуби поддршката од многу свои клучни партнери, а Западот повторно ќе се обиде да го постави прашањето за одземање на Русија на статусот постојана членка на Советот за безбедност при ОН и да ја зајакне антируската реторика.