![Sergej Sojgu Vang Ji](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/Sergej-Sojgu-Vang-Ji.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Високиот руски безбедносен функционер и поранешн министер за одбрана Сергеј Шојгу му рече на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во вторникот дека најитна задача за нивните две земји треба да биде да се спротивстават на напорите на САД за нивно зауздување, на безбеносните раговори во Пекинг.
Москва и Пекинг ги проширија воените и одбранбените врски откако Русија ја започна инвазијата во Украина чие инсистирање да стане членка на НАТО што го поткрепуваат САД го гледа како закана по нејзиното опстојување, а западните антируски санкции без преседан во историјата ги зближија двете соседни земји на потесна соработка во сите сфери. Истоврмено, со години наназад кинескиот претседател Кси Џинпинг е еден од најважните сојузници на рускиот претседател Владимир Путин на светската сцена.
Западните аналитичари, пак, велат дека Пекинг „се наоѓа себеси сѐ повеќе заглавен“ меѓу растечкиот сојуз на Русија со Северна Кореја, откако оваа седмица го ратификуваше историскиот одбранбен сојуз со Москва.
Зборувајќи со Ванг во Пекинг, Шојгу кој сега е секретар на рускиот Совет за безбедност, ја истакна потребата Кина и Русија „да се спротивстават на политиката на САД и нивните сателити“ да се обидат да ги зауздаат Русија и Кина.
„Сеопфатното партнерство и стратешката соработка (меѓу Кина и Русија) претставуваат модел на соработка меѓу двете сили во денешниот свет“, му рече Шојгу на кинескиот министер.
„Иако тоа не е воено-политички сојуз како оние што беа формирани за време на Студената војна, односите меѓу нашите земји ја надминуваат таа форма на меѓудржавни односи“, рекол Шојгу кого го цитираат руските новински агенции.
Во мај, Кси Џинпинг и Путин ветија „нова ера“ на партнерство меѓу двата најмоќни ривали на Соединетите држави, кои тие ги претставија како агресивен хегемон по завршувањето на идеолошката Студената војна пред повеќе од три децении, кој сее хаос низ целиот свет.
Кси и Путин сметаат дека ерата на исклучителната доминација на САД по Студената војна минува низ понижувачкиот период кој произлезе од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година и еден век европска колонијална доминација над Кина.
Пред разговорите, Пекинг објави дека двајцата функционери ќе одржат „стратешки безбедносни консултации“ оваа седмица и ќе разговараат за „главните прашања што ги вклучуваат стратешките безбедносни интереси на двете земји и зајакнувањето на меѓусебната доверба“.
Шојгу беше министер за одбрана на Русија во првите две години од инвазијата во Украина, пред Путин да го премести во Советот за безбедност по серијата критики од влијателни руски воени дописници.
Кина се претставува како неутрална страна во војната во Украина која во 2023 понуди мировен договор кој Киев и Западот одлучно го отфрлија иако ја споменуваше украинската сувереност и интегритет, и вели дека не испраќа смртоносна помош на ниту една страна, за разлика од САД и другите западни земји.
Но, Пекинг останува близок политички и економски сојузник на Русија, а членките на НАТО го издвоија како инструмент за овозможување на војната, која таа никогаш не ја осуди. Минатиот месец министрите за одбрана на двете земји ветија продлабочување на билатералната воена соработка.