Шојгу нареди приоритет на руските сили да биде уништувањето на украинските батерии со долг дострел

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во понеделникот во текот на инспекцијата на групацијата „Исток“ ангажирана во борбените дејствија во Украина порача дека приоритет е уништувањето на украинските артилериски и ракетни системи со долг дострел чиишто цели се областите и градовите со бројни цивилни жртви на истокот од земјата под контрола на здружените сили на проруските сепаратисти и руските единици.

„Министерот за одбрана армискиот генерал Сергеј Шојгу, наведувајќи ги зајакнувањето на ударните способности на групата, му наложи на командантот да даде приоритет на уништувањето на непријателските високопрецизни ракетните и артилериски средства со долг дострел, со кои се гранатираат станбените населби во Донбас, наместо се палата полињата со пченици и се уништуваат складиштата за житарки“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана.

Командантот на борбената група „Исток“, генерал-полковник Рустам Мурадов го известил министерот Шојгу за „моменталната состојба и напредокот о исполнувањето на зададените борбени мисии за уништување на непријателските сили“.

Претходно Шојгу извршил инспекции на борбените групации „Југ“ и Центар“, под команда на армискиот генерал Сергеј Суровикин односно генерал-полковникот Александар Лапин на кои, исто така, им наредил да се засилат дејствијата со коишто ќе се исклучи секоја можност украинските сили да изведуваат масивни ракетни напади врз градовите во Донбас и другите региони.