Шојгу: Русија ги проучува западните оружја заробени во Украина

Руските стручњаци внимателно ја проучуваат странската воена опрема и оружја заробени во Украина и истовремено развиваат начини за нејзино уништување на боиштето, изјави во неделата рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Се разбира, нашата наука и нашата индустрија се занимаваат со нив (заробените оружја). Ги разгледуваме двострано. Првата е способноста за борба со таквите оружја, како и со што може да се спротистави на нив. Од друга страна, кои се нивните главни недостатоци“, вели меѓу другото Шојгу во интервјуто емитувано на државната телевизија Россия-1.

Без други поединости, Шојгу прецизираше дека на украинското боиште се запленети западни вооружување како што се високомобилните хаубци М-777, повеќекратните ракетни системи со долг дострел HIMARS, преносните противтенковски ракетни системи NLAW и Javelin, преносните противвоздушни системи Stinger, пешадиско вооружување, оклопни возила…

Генерално, според шефот на руската одбрана, „тоа одамна е познато и обработено, и тука нема никакви изненадувања“, ниту, пак, „имресионира

Истовремено Шојгу истакна дека на Украина ѝ се испорачуваат главно застарени модели оружја од магацините на западните земји. Особено ги посочи стотиците тенкови „Т-72“ испорачани од Полска кои се произведен според лиценцираната верзија на советскиот тенк со иста ознака.