Шојгу: Русија нема потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина

Русија нема никаква потреба да користи нуклеарно оружје во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу коментирајќи ги шпекулациите во западните медиуми дека Москва би можела да распореди нуклеарно или хемиско оружје во судирот како апсолутна лага.

„Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за постигнување на поставените цели. Главната цел на руското нуклеарно оружје е да одврати нуклеарен напад“ врз Русија, изјави Шојгу во текот на Московската меѓународна безбедносна конференција.

„Медиумите шират шпекулации за наводно употребување на руското тактичко нуклеарно вооружување во текот на специјалната воена операција или за користење хемиско вооружување. Сите тие напади со информации се апсолутна лага“, рече Шојгу според кого на тој начин се прави обид да се прикријат инсценираните такви акции кои ги планираат во Киев заедно со западните сојузници и западните медиуми.

Шојгу, исто така, посочи дека САД и Велика Британија ги планираат сите воени операции на украинската војска. Имено неодамна висок функционер од опкружувањето на украинскиот претседател дека пред секое користење на ракетните системи со долг дострел се консултираат со западните сојузници, што во Москва беше коментирано како доказ дека Лондон и Вашингтон во реално време му даваат на Киев разузнавачки и сателитски податоци за движењето на руските трупи.

Рускиот министер за одбрана предупреди дека НАТО повеќекратно го зголемил бројот на своите трупи во источна и централна Европа.

Зборувајќи за новиот или START-3 договор кој истече минатата година и автоматски се продолжува за уште пет откако Вашингтон не покажа интерес за нови разговори со кои ќе се контролира американското и руското нуклеарно вооружување, Шојгу рече дека разговорите за продолжување на договорот се „двонасочна улица“, а ситуацијата околу тоа е „тешка“.

„Тешка ситуација, исто така, се развива во врска со Договорот за ограничување на стратешкото офанзивно вооружување. Договорот не на сила до 2026 година. Од руска страна обврските се исполнуваат, декларираното ново на носачи и боеви глави се одржува во рамките на утврдените граници“, рече Шојгу.

Русија na 8-ми август објави дека ја запира американската инспекција предвидена во нејзините воени бази врз основа на ткн договор START 3 или Нов START, истакнувајќи дека тоа е одговор на попречувањето на сличните руски инспекции во американските воени бази од страна на Вашингтон.

Последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, ткн Новиот START-3 е договор кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 2010 година. Според него, двете земји се договорија оперативните носечки системи за нуклеарно оружје како ракети, бомби и подморници да ги намалат на по 700, а исто така предвидува и лимитирање на по околу 1.550 боеви глави, додека вкупно ракетни лансери не смеат да бидат повеќе од 800. Договорот беше на сила до 5-ти февруари 2021 година, по што автоматски според договореното можеше да биде и продолжен, но не подолго од пет години, со согласност од двете страни.

Рускиот претседател Владимир Путин во јануари 2021 година, еднострано го продолжи на пет години до 2026 година. Досега, според договорот, Москва и Вашингтон имаа право да извршат дваесеттина меѓусебни инспекции годишно.