Од почетокот на својата „многу рекламирана“ противофанзива, Украина загуби повеќе од 26.000 војници и три илјади единици вооружување, а не ги постигна своите цели на ниту еден од правците на фронтот, долг над илјада километри, тврдеше во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Шојгу.
На брифингот Шојгу претходно предупреди дека Москва ќе биде присилена „не по своја волја“ да одговори со својата „сродна муниција“ на испораките на американските касетни бомби за Киев што Вашингтон го објасни како привремен потег поради недостиг од гранати и проектили како кај украинската војска така и кај нејзините западни сојузници предвоени од САД. Коментирајќи го тоа, рускиот министер за одбрана истакна дека Русија од почетокот на годинава ги зголемила испораките на основното вооружување и муниција за повеќе од пет до десет пати во одредени сегменти.
Во врска со украинската долго најавувана противофанзива чија цел е протерување на руските трупи од украинската територија до границите од 1991 година, Шојгу истакна дека Киев толку многу ја потенцирал и разгорел таа тема што „третина од светот го очекуваше почетокот на самитот на НАТО во Вилнус“ во вторникот.
„Како резултат на тоа, што тие смислија за самитот на НАТО? Од 4-ти јули загубите на непријателот изнесуваат повеќе од 26.000 војници и 3.000 прачиња разно оружје“, рече Шојгу без да ги поткрепи податоците со докази и без да појасни дали станува збор за вкупно загинати и ранети, односно онеспособени украински војници,. Исто така, не ги наведе и загубите на руската војска.
Според Шојгу, украинските загуби во тешка воена опрема од 4-ти јуни изнесуваат, 1.244 тенкови и други борбени оклопни возила, од кои 17 се германските тенкови „Leopard“, 5 француски тенкови со тркала AMX и 12 американски борени пешадиски возила „Bradly“.
Покрај тоа, во изминатите месец дена, како што рече Шојгу, руските сили уништиле два украински противвоздушни системи, 25 повеќецевни ракетни лансери и 403 артилериски оружја и минофрлачи, од кои 43 биле артилериските системи од американско потекло „М777“ и 46 самоодни артилериски системи испорачани од Полска, Франија и САД.
Руската армиска авијација и противвоздушните сили, продолжи рускиот министер за одбрана, во истиот период собориле 21 авион и 5 хеликоптери на украинското воздухопловство, 176 проектили од американските системи HIMARS, 27 британски крстосувачки ракети „Storm Shadow“ и 483 беспилотни летала.
Истакнувајќи дека министерството за одбрана двапати во денот подготува извештаи за состојбата на фронтот за претседателот Владимир Путин, Шојгу пофали неколку единици од разните сектори на боиштето, како и добровлечките формации, и посочи дека вооружените сили на Украина продолжуваат со активните операции, но последните денови нивните дејствија биле особено засилени во правци на Красни Лиман и Работино во Доњецката област, каде сите обиди за напредување биле одбиени.
Шојгу, исто така, истакна дека разузнавачките агенции, во прв ред на САД и на другите земји од НАТО, внимателно ги следат и анализираат резултатите од борбените дејствија на руските трупи на фронтот.
„Тие ја напомнуваат високата ефикасност на нашите одбранбени линии, воспоставените мински полиња, високиот квалитет на дејствијата на армиската и јуришната авијација во извршување превентивни напади врз откриение непријателски цели“, рече Шојгу додавајќи дека во западните разузнавачки извештаи се истакнува „издржливоста на руската војска и брзите реакции на командантите на промените во ситуацијата“ на боиштетот.