Шокантно барање на мајката на детето убиец од Белград – испратила писмо, а масакрот не е споменат во ниту еден момент!

Мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се обратила до институциите со барање да се реши прашањето за дообразувањето на нејзините две деца. Мајката на Коста К. во писмото со ниту еден збор не го спомнала масакрот во „Рибникар“, туку апелира за помош наведувајќи дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена, објави Блиц.

Во писмото кое, според Блиц, е многу кратко, мајката на момчето кое уби девет ученици и чувар наведува дека „прашањето за задолжително основно образование за нејзините деца е отворено“. Таа напоменува дека нејзината помала ќерка, која учела во истото училиште со Коста.К, не може да го продолжи образованието во „Рибникар“, а нејзиниот син е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Мајката на момчето-убиец барањето го испратила пред неколку дена.

Според Блиц, момчето убиец нема да биде пуштено од Клиниката, а неговата доедукација ќе се одвива според прописите. Бидејќи основното образование во Србија е задолжително со закон, индивидуалната настава ќе се посетува онлајн, според условите за хоспитализираните деца.

Во текот на неделата треба да се знае дали ќе има одредени промени, како и каков точно ќе биде моделот на школување на момчето кое уби девет негови врсници и еден чувар.