Шокантно видео: Погледнете го падот на малезискиот авион во Украина

Нова аматерска снимка за падот на малезискиот авион во Источна Украина во кој загинаа 298 лица излезе во јавноста.

Видеото е направено со мобилен телефон и го прикажува целиот ужас кој настанал по падот на патиничкиот авион. На снимката може да се видат и мештаните кои се шокирани, како и голем црн чад кој го прекрива небото.

Некои од мештаните носат канти со вода за да го изгаснат пожарот по падот.

Останатите само шетаат во шок.

Автентичноста на снимката е потврдена, а објавувањето доаѓа во моментот кога започнува тргањето на преостанатите делови од разнесениот патнички авион. Сите материјали кои се пронајдени ќе бидат однесени на анализа во Холандија.

Малезискиот авион „Боинг 777“ се урна на 17 јули оваа година со 280 парници и 15 членови на екипажот во Украина во близина со границата со Русија. Во авионот на „Малезија ерлајнс“ се наоѓале вкупно 298 лица, од кои дури 154 биле државјани на Холандија. Авионот сообраќал на релација Амстердам-Куала Лумпур.