Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој во неделата допатува во тридневна посета на Кина, изјави дека во разговорите што следат ќе го „предупреди“ кинескиот претседател Кси Џинпинг да не ѝ дава воена поддршка на Русија.
Шолц ќе укажел на тоа дека Русија наводно „води освојувачка војна против Украина“ и ќе „инсистираат на тоа дека никој не треба да ѝ помогне да успее“, рече Шолц во понеделникот во Шангај.
„Затоа, исто така, ги повикуваме сите да не ги заобиколуваат санкциите… и затоа исто така повикуваме да не се испорачува оружје. Тоа важи и за стоките што можат да се користат и за цивилни и за воени цели“, додаде германскиот канцелар.
Кина се смета за најважен сојузник на Русија и западните земји ја сомничат дека испорачува такви стоки.
Шолц во вторник во Пекинг ќе се сретне со Кси и премиерот Ли Чијанг.
„Војната на Русија против Украина не е само европско прашање, рече Шолц. „Ако ова постави преседан, тоа е закана за мирот и безбедноста насекаде на планетата“, рече тој.