Шолц: Германија ѝ испорачува оружје на Украина за да ја сврти Русија од воениот курс

Германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница во неделата во Бундестагот го образложуваше прекинувањето на долгогодишната практика на Германија да не испорачува оружје во воени зони со одобрувањето на испораките за Украина велејќки дека Русија треба да се „сврти од воениот кирс“.

„Ние имаме тешка задача (рускиот претседател Владимир) Путин да го одвратиме од неговиот воен курс. На агресијата на Путин не можеше да се даде поинаков одововор. Ова е пресвртнички момент во историјата на Европа. Светот по нападот на Путин во Украина веќе нема да биде ист“, рече Шолц очигледни задржувајќи го пропагандниот курс на Западот украинската криза да ја персонализира во рускиот претседател.

Германскиот социјалдемократски канцелар рече дека вториот чекор кој германската влада го донела во саботата вечерта е исклучувањето на Русија од финансискиот систем SWIFT.

„Руското водство многу брзо ќе ги почувствува санкции на својата кожа“, рече Шолц.

Шолц, исто така, му порача на Путин дека „не смее да ја потцени напата подготвеност решително да ја браниме секоја педа на територијата на земјите членки на НАТО“.

Германскиот канцелар најави дека неговата левоцентристичка влада, во која се уште и либералите и зелените, ќе започне процес за јакнење на германската армија Бундесверо, како и дека Германија ќе го исполни барањето на веќе тројца американски претседатела и НАТО да ги зголеми воените трошиоци на 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Германската влада во саботата реши да се откаже од досегашниот став и дека на Украина да ѝ испорача 500 ракети од типот „Stinger“ и 1.000 противоклопни ракети.

Германија, исто така, одобри испорака на 400 ракетни фрлачи од Холандија во Украина, а ѝ дозволи и на Естонија на Украина да и предаде стари источногермански хаубици. Финска ги купила хаубиците во 1990-те по падот на Берлинскиот ѕид и подоцна ѝ ги продала на Естонија.

Германија долги години не извезува оружја во воени подрачка, што е политика којашто произлегува од нејзината крвата историја во XX век, а во врска со Украина и поради сојузништовото на нацистите во двете земји во Втората светска војна, а што потоа предизвика пацифизам. Така, државите кои на трети земји сакаат да им предадат оружје коешто го купиле од Германија, прво мора да добијат дозвола од Берлин.