Шолц: Германија што поскоро треба да стане енергетска независност од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека неговата земја треба што побрзо и посигурно да стекне независност од Русија во сферата на снабдување со енергија, а ги поттикна и источните германски покраина во надвладување на последиците од антируските санкции.

„Предолго и еднострано се потпиравме на снабдувањето со енергија од Русија“, изјавил Шолц во неделата во својот говор на економски форум во Бад Зааров, пренесува весникот Die Welt.

Старата формулација дека Русија е сигурен економски партнер (на Германија), дури и во кризни ситуации, повеќе не важи“, додал Шолц без да го појасни тврдењето.

Истакнал дека Германија мора да стекне независност од руските енергенси „што е поскоро можно, но и што посигурно“. Шолц притоа ветил дека ќе ги поддржи источните германски региони во надминувањето на санкциите воведени против Русија.

Според германскиот канцелар, нафтеното ембарго за увозот на руската нафта „не би требало да доведе до големи регионални разлики“ во цените на бензинските станици, а во неговото спроведување треба да се „гарантира сигурноста на снабдувањето и достапноста на енергијата“.