Германскиот канцелар Олаф Шолц од редовите на социјалдемократите ги обвини својот главен ривал на сојузните избори следниот месец демохристијаните дека го прекршил непишаното правило за несоработка со крајната десница, кога сигнализирале дека се отворени за притисок низ парламентот за мерките поврзани со миграцијата заедно со крајната десница.
Фридрих Мерц, конзервативниот кандидат на демохристијанската коалиција CDU/CSU за канцелар на изборите на 23-ти февруари, одамна го отпиша формирањето коалиција со суверенистичката евроскептична и противдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD), велејќи дека тие се премногу екстремни.
Меѓутоа, ставовите на коалицијата на Шолц која во меѓувреме се распадна составена од неговата Социјалдемократск партија на Германија (SPD), Зелените и либерланите демократите од FDP, ги принуди конзервативците да се свртат подесно последниве години, така што нивниот став сè повеќе наликува на оној на AfD каде има одлив на избирачкото тело на демохристијаните токму поради нивните благи ставови по прашањето на миграцијата.
Мерц во четвртокот најави дека ако стане канцелар, „од првиот ден“ ќе воведе контрола на сите граници и ќе спречи каков и да е обид за илегален влез во земјата, ден по нападот во Ашафенбург во кој беа убиени две лица, меѓу кои и едно дете, за за што е осомничен Авганистанец кој поднесол барање за азил но сакал да замине од земјата и кој бил психички пациент.
Мерц, исто така, рече дека следната седмица ќе поднесе предлози за миграцијата до парламентот, вклучително и еден за да ѝ дозволи на федералната полиција да бара налози за апсење на луѓето што ќе ги фати без правна основа за престој во Германија.
Со оглед на тоа што Социјалдемократите (SPD) на Шолц и Зелените се против ваквите потези, конзервативците ќе мора да се потпрат на поддршката на AfD и Слободните демократи (FDP) за успех.
„Следната седмица до германскиот Бундестаг ќе презентираме предлози кои се единствено во согласност со нашите верувања. И ќе ги презентираме без разлика кој се согласува со нив“, рече Марц.
Во минатото, CDU/CSU, како и другите „мејнстрим“ партии, се обидуваше да избегне да дава предлози на национално ниво за кои знаеше дека може да поминат само со поддршка на AfD.
„Досега имав впечаток дека можеме да се потпреме на изјавата на опозицискиот лидер дека нема да соработува со AfD и по изборите“, изјави Шолц за Stuttgarter Zeitung.
„Сега кога CDU сака да ги протурка своите предлози низ Бундестагот со гласови на AfD, навистина сум загрижен“, додаде тој, нагласувајќи дека браната кон AfD не треба да се урне.