Шолц ги уверуваше кинеските студенти дека не мора да пушат марихуана ако дојдат да учат во Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги увери кинеските студенти во Шангај дека не мора да консумираат канабис доколку студираат во Германија и дека го легализирале со надеж дека потрошувачката во земјата ќе падне.

Шолц го кажа ова како одговор на прашање на студент на Универзитетот Тонги кој прашуваше дали ќе мора да пуши канабис  ако студира во Германија.

Во февруари, Германија ја легализираше потрошувачката на ова растение, дозволувајќи им на поединци и здруженија да го одгледуваат и да поседуваат ограничени количини.

„Ние не сакаме повеќе луѓе кои користат канабис, сакаме помалку луѓе да го прават тоа, сакаме повеќе јавно образование за тоа“, рече Шолц.

„Одговорот е едноставен: не пушете. Оваа година ќе наполнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“, тврди тој и додава дека Германија сакала да го извади канабисот „од сивата зона“.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде утре во Пекинг ќе се сретне со раководството на земјата.

Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе конзумирале канабис во Германија.