Германскиот канцелар Олаф Шолц ја изрази својата загриженост поради опасноста од регионална војна на Блискиот исток во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави во неделата во Берлин портпаролот на германската влада.
„Шолц јасно стави до знаење дека германската влада силно ги осудува заканите од Иран, милитантите на Хезболах во Либан и други за безбедноста на Израел и неговите граѓани“, рече портпаролот Волфганг Бухнер.
Канцеларот нагласи дека е неопходно да се прекине „деструктивната спирала на насилство на која се одговара со насилство, да се намалат тензиите и да се работи конструктивно на деескалација“, рече тој.
Шолц притоа повторил дека е време да се финализира договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и да се обезбеди ослободување на заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во Појасот Газа.
Германскиот канцелар рекол и дека „главните воени цели“ во борбата против Хамас се постигнати, но дека страдањата на луѓето од Појасот Газа се уште траат и дека се „големи“.
Меѓународната заедница е сè позагрижена поради можноста од голема војна на Блискиот исток. Иран и неговите сојузнички милиции објавија дека планираат да му се одмаздат на Израел за неодамнешните убиства на политичкиот претставник и главен преговарал на Хамас во ТЕхеран и на командант на шиитското движење Хезболах во Либан.