Шолц и Макрон бараат „што поитно“ примирје во Украина и „нова динамика“ на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон побараа во понеделникот во Берлин конкретни чекори коишто ќе водат кон примирје во Украина.

„Она што ние сакаме да го оствариме е примирје и тоа што е поскоро можно. Само така ќе биде можно преговорите меѓу Украина и Русија да се доведат до крајот и да се оствари примирје по што би требало да уследи повлекувње на руските единици“, рече Макрон во текот на својата прва средба со германскиот канцелар Шолц откако повторно е избран за француски претседател.

Шолц, исто така, рече дека сега „по толку седмици од почетокот на војната“ е дојдено времето за чекори кои би воделе кон мир. Истовремено додаде дека притоа не смее да станува збор за „мир кој би го диктирала Русија“.

„Не можеме да си претставиме Украина да прифати диктиран мир кој би ги содржел условите коишто Украина поради зачувување на интегритетот и суверенитетот не може да ги прифати“, рече Шолц.

Макрон истакна дека говорот на рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата над нацизмот, кој не бил „до таа мерка агресивен како што се очекувало“, не претставува по секоја цена деескалација

Нова динамика на Европската унија

Шолц истакна дека „ужасната агресија“ на Русија врз Украина ја покренала новата динамика во Европската унија

„Руската агресија ги спојува евроспките партнери. Сега е важно да дејствуваме заеднички“, рече германскиот канцелар.

Укажа притоа на барањето на Украина за влегување во Европската унија и рече дека „Украина му припаѓа на европското семејство“.

Шолц истовремено рече и дека земјите од западен Балкан треба што поскоро да бидат промени во Европаската унија.

„Тука мора да бидат надминат блокадите“, рече Шолц алудирајќи на блокирањето на Бугарија на почетокот на пристапните преговори на Македонија за полноправно членство во ЕУ.

Макрон, кој во минатото беше многу скептичен кон процесот на проширување на ЕУ, рече дека јакнењето на стабилноста и демократијата во Европа би трбало да тежнее кон кооперација и „надвор од рамките на Европската унија“.

„Досега овие цели сакавме да ги остваруваме со проширувањето на ЕУ. Оваа перспектива, меѓутоа, за земјите како што е Украина, доколку гледаме реално, не е истварлива во рамките на период од неколку години. Затоа е потребно да се изнајдат нови политички форми и да се создадат политички координации за да се врзат ваквите земји крај ЕУ“, рече Макрон.

Францускиот претседател претходно во понеделникот во својот говор во Стразбур се заложи за создавање „Европска политичка заедница“ за да се зголеми соработката на ЕУ со другите европски земји бидејќи пристапувањето на тие земји на Унијата не е реално во скора иднина.