Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во саботата дека има намера да остане во контатк со рускиот претседател Владимир Путин и дека планира „наскоро“ да разговара со него.
Шолц напомна дека разговараше со Путин непосредно пред почетокот на руската инвазија во Украина пред 15 месеци.
„Имам намера наскоро тоа повторно да го сторам“, изјави канцеларот кој доаѓа од владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) на 38-от конгрес на германската Протестантска црква во јужниот град Нирнберг.
„Предуслов за праведен мир е Русија да ги повлече своите војници. Тоа мора да биде јасно“, рече Шолц.
Германската службена новинска агенција DPA известува дека во текот на обраќањето на Шолц од публиката можеле да се слушнат повремено повиците „Преговара“, а оти канцеларот одговорил викајќи „Преговарањето е во ред. Прашањето е: кој преговара со кого и за што“.
Канцеларот Шолц претходно ги појаснил ставот на официјален Берлин и неговата влада кон војната во Украина и рече дека е потребно да се спречи ексалацијата на судирот.
„Беше, и сѐ уште е, исправно да дејствуваме на координиран начин во сѐ што правиме. Да го разгледаме секој чекор и да не дејствуваме самостојно. На ова начело сме доследни од самиот почеток“, рече Шолц.
Обраќајќи ѝ се диретно на публиката ѝ рече дека „границите во Европа не би требало да се менуваат со сила“.