Германскиот канцелар Олаф Шолц видно нервозно ги коментираше изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулебе кој изрази изненаденост од неподготвеноста на Берлин да му испорача тенкови на Киев, пишува весникот The New York Times.
„Лидерството не значи да го правите она што го бараат од вас. Лидерството значи да се носат правилни одлуки и да се биде многу силен. И тоа е она што јас го правам“, одговорил Шолц на новинарско прашање.
Покрај тоа, германскиот канцелар емотивно реагирал и на прашањето зошто Германија нема да потроши два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за воени трошоци во текот на следните неколку години, се додава во написот.
„Да бидам искрен, поставувањето на ова прашање е несериозно“, одговорил Шулц.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Twitter напиша дека добива разочарувачки сигнали од Германија во врска со испораките на тенковите „Leopard“ и борбените оклопни возила „Marder“. Оцени дека „нема ниту еден рационален аргумент“ дека таквото оружје не треба да му биде испорачано на Киев и праша „од кого се плашат“ во Берлин.
Киев очекува да ги добие германските тенкови „Leopard 2“, но Берлин не брза си нивната испорака. Покрај тоа, Шолц изјави дека Германија продолжува да ја поддржува Украина, но нема да презема никакви чекори без согласност на сојузниците во НАТО.
Како што пренесе агенцијата Bloomberg, западните земји постигнале премолчен договор да не им испорачува тенкови на украинските власти, така што Германија не сака да предничи во тој поглед и да дава поводи за обвинувања дека го ескалира конфликтот со Русија.