
Германскиот канцелар Олаф Шолц им гарантираше во четвртокот во Берлин на литванскиот претседател Гитанас Науседа, како и на естонскиот и летонскиот премиер Каја Калас и Крисјанис Каринс солидарност во врска со овие поранешни советски републики кои се членки на ЕУ и НАТО на самата граница со Русија.
„Балтичките земји се непосредно погодени од загрижувачките актовности коишто ги поттикнува Русија“, рече Шолц.
Германскиот канцалар истакна дека неговата земја и овие држави делат ист став во врска со украинската криза, опишувајќи “руиски воени провокации“, како што се за Шолц зедничките воени маневри на Русија и Белорусија.
„Ние сериозно ги сфаќаме грижите на нашите партнери. Важно ми е да истакнам дека сме на вашата страна“, изјави Шолц кој следната седмица според најавите треба да отпатува на разговори во Москвa и Киев.
Шолц на почетокот од седмицава на тензиите околу Украина во Вашингтон разговараше со американскиот претседател Џо Бајден и со францускиот претседател Емануел Макрон и со полскиот премиер Анджеј Дуда во вторникот во Берлин.
„Во моментов станува збор, ни помалку ни повеќе, туку за тоа да спрчиме војна во Европа“, изјави Шолц и најави зголемување на бројот на германските војници кои во рамките на НАТО единиците се стануваат во Литванија за уште 350 војници.
Челниците на балтичките земји искажаа желба за засилениот ангажман на Германија во решавање на моменталната криза.
„Многу е важно да го зајакнеме источното крило НАТО. Нашиот сојуз мора да биде во состојба да реагира брзо и решително во овој регион“, изјави литванскиот претседател Науседа.
Естонската премиерка Калас истакна дека во моментов најважно е ЕУ и НАТО да покажат единство. „Секој и најмал знак за неединство и недостигот од решителност би можело да испрати лажен сигнал на Русија“, изјави Калас.
И латвискиот премиер Каринс изјави дека ЕУ и НАТО мора да дејствуваат од „позиција на моќ“. „Улогата на Германија притоа е пресудна важност“, заклучи.
Балтичките челници приота ја прекорија дека Германија којашто во моментов издвојува 1,57 од својот бруто домашен производ (БДП) вложува многу помалку во воениот буџет на балтичките членки на НАТО.
Балтичките земји, кои имаат значителни заедници на Руси на своите териритории а на кои им оспоруваат многу граѓански права за кои одвреме-навреме се критикувани од ОН и ЕУ, го искористија превратот во Украина на почетокот од 2014 година и референдумот за присоединувањето на мнозинскиот рускојазичен полуостров Крим на Руската Федерација да бараат зголемена воена пристуност на НАТО на нивните територии. Според аналитичарите, тоа главно се должи на пресметките за финансиски добивки од присуството на трупите на Алијансата, што всушност беше и една од забелешките на поранешниот претседател Доналд Трамп на Германија.
НАТО и САД ситуацијата во Украина ја искористија за од 2014 година да го зголемат военото присуство на самите граници со Русија распоредувајќи ротирачки единици. САД, исто така, распоредија и дополнително вооружување и трупи во Полска, и по дополнителни илјада војници во секоја од балтичките земји.