![olaf solc haubica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/olaf-solc-haubica.jpg?resize=640%2C405&ssl=1)
Германија нема да ѝ доставува на Украина оружја со коишто може да изведува напади врз територијата на Русија за да се спречи натамошна ескалација на судирот, изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува во петокот изданието T-Online.
„Американскиот претседател Џо Бајден доволно јасно го кажа тоа: тој рече дека нема да испорачува оружје коешто може да се користи за стрелби врз територијата на Русија. Сметам дека со овој принцип треба да се придржуваат и другите, Нема да дејствуваме сами и секогаш ќе се водиме од она што го прават нашите сојузници“, истакнал Шолц.
Претходно германскиот канцелар рече дека Берлин ќе продолжи да ѝ испорачува оружје на Украина и го повтори најавените од владата доставување на самоодните противвоздушни хаубици „Gepard“ и системите за противвоздушна одбрана „IRIS-T“ со специјални радари. Според министерката за надворешни работи Аналена Бербој, испораката на системите „IRIS-T“ треба да биде остварена следните седмици.
Истовремено во интервјуто за јавната телевизија ZDF, Бербок потврди дека германскиот Бундесвер се соочува со „апсолутен недостиг во сопствените залихи“ поради воената поддршка дадена на Киев,
Како што објасни ден претходно Бербок, германската одбранбена индустрија мора да работи подолг период за да ги исполни барањата на Украина. Верува дека војната ќе биде долга, па затоа на Киев ќе му биде потребно оружје есента и зимата.
„Затоа мораме да обезбедиме краткорочна поддршка, како и да направиме среднорочни планови“, рече Бербок откако беше објавено дека Германија и Канада договориле испорака на „тони муниција“ за Украина.