Ткн шпицен кандидат, односно кандидат за следниот канцелар од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Олаф Шолц, според испитувањето на јавното мение е победник и на третото телевизиско соочување со противкандидадите во неделата велерта, една седмица пред одржувањето на парламентарните избори.
Според испитувањето што за телевизиските канали Pro7/Sat1 кои го организираа последното телевизиско соочување, го спровел институтот Forsa, социјалдемократот Олаф Шолц по прашањето на симпатиите освоил најмногу гласови од испитаниците – 42 отсто. Зад него е кандидатот на конзервативниот демохристијански блок Христијанско-демократска унија и Христијснско-социјална унија (CDU/CSU) на актуелната канцеларка, Армин Лашет со 27 отсто, и трета е Аналена Бербок од левичарската партија Зелени со 25 отсто.
Шолц според истражувањата на јавното мнение беше победник и во претходните две телевизиски соочувања на претендентите за наследник на канцеларката Агела Меркел.
Според мислењето на аналитичарите во третото соочување кандидатката на Зелените, Бербок настапула најагрресивно, додека кандидатот на Унијата, Лашет, за разлика од првите две дебати овојпат се држаел воздржано. Шолц, пак, како и во првите две дебати делувал најсталожено и најкомпетентно.
По третото телевизиското соочувањето кандидатот на социјалдемократите и на Зелените одново ја истакнале желбата за коалицирање на левиот дел од политичкиот спектар по изборите.
„Мислам дека е познато дека SPD се стреми кон коалицирање со Зелените“, изјави Шолц но истакна дека неговата партија е разговара со сите „демократски партии“ во парламентот.
Притоа, како и другите двајца кадидата, ја исклучи можноста од коалицирање со десната евроскептична и антидоселничка партија Алтернатива за Германија (AfD), но ја остави отворена можноста за коалицирање со крајно левичарската партија Левица.
Кандидатот на Унијата CDU/CSU, Лашет истакна дека за неговата партија не доаѓа предвид коалицирање со екстремистичките партии во коишто освен AfD ја вброи и партијата Левица.
Канцеларските кандидати граѓаните ги повикаа да се вакцинираат против коронавирусот во што поголем број.
„На одделите за интензивна нега лежат исклучиво оние кои не се вакцинирани“, рече Шолц.
Сите тројца кандидата како приоритет на својот мандат ја истакнаа кломатската поли јакнењето на германската економија.
Според последните анкети SPD и натами има водство со 25 отсто од гласовиет, пред Унијата CDU/CSU со 22 отсто. Следат Зелените со 16 проценти, па AfD и Либералнo-демократската парија (FDP) со по 11 отсто, а Левица има 6 проценти од гласовите.