Консензус за одлуките во корист на Украина на самитот на Европската унија во Брисел би бил „многу важен знак“ за Киев и Москва, изјави во четвртокот германскиот канцелар Олаф Шолц пред почетокот на самитот на Унијата.
Челниците на ЕУ собрани во Брисел мора едногласно да одлучат дали да ги отворат пристапните преговори со Украина и да му дадат на Киев долгорочна финансиска помош вредна до 50 милијарди евра.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и во четвртокот продолжи со предупредувањето дека ќе стави вето на овие одлуки, во прв ред порадди повеќегодишните конфронтации на Будимпешта со Киев поради усурпирањето на правата на унгарското малцинство во Украина, како и дека оваа земја изминатите гоини водеше нечесна енергетска политика кон Унгарија.
„Важно е да се испрати јасен знак на поддршка овде. Знак упатен до храбрите граѓани на Украина кои ја бранат својата земја“, рече Шолц.
„Но, сигналот е насочен и кон рускиот претседател, кој мора да знае дека не може да смета дека Европската унија и нејзините земји-членки да ја намалат поддршката за Украина“, рече германската канцеларка.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште еднаш, во пресрет на почетокот на самитот, јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови. Орбан се противи и на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина за периодот до 2027 година.
Со оглед на противењето на Унгарија на клучните одлуки за ЕУ, која засега има и латентна поддршка од уште неколку земји членки, се очекува овој самит да трае долго.