Германскиот канцелар Олаф Шолц, пред да отпатува во својат права канцеларска посета на САД, потврди во неделата дека неговата земја нема намера да испорачува офанзивно оружје на Украина, но не ја исклучи сосема можноста да испрати дополнителни војници во Литванија.
Сомневањата во врска со трансатлантскиот сојуз се појавија делумно и поради приврзаноста на Берлин на проектот за гасот Северен тек 2 со Русија кој го очекува конечното одобрување од германскиот регулатор. Покрај тоа, новата влада во Германија неодамна одби да ѝ испорача оружје на Украина, како и да дозволи транспорт на оружје преку нејзина територија.
„Германската влада одамна има јасен курс: ние не испорачуваме во кризни региони и нема да доставуваме оружје во Украина. До тоа се придржуваше мојата претходничка (Ангела Меркел) и тоа беше и останува исправна одлука“, изјави Шолц за јавната телевизија ARD пред ноќниот лет за Вашингтон,
Потсети дека според истражувањата на јавното мнение, мнозинството Германци ги споделуваат ставовите на властите во Берлин по ова прашање.
„Моја должност да го правам она што е во интересите на германскиот народ и, кога се има предвид овој случај, тоа е гледиштето на нашите граѓани“, додаде Шолц.
Канцеларот смета дека во моментов навистина има „кризно време“, и дека тој има обврска пред граѓаните „да спречи војна во Европа.
Берлин се противи на доставувањетпо оружје за Киев, но последниот период Германија е под силен притисок од партнерите во ЕУ, во прв ред од Полска и балтичките земји, како и од САД, кои бараат „јасни сигнали“ од Берлин до Москва. Некои политичари во Украина дури ја обвинија Германија за „предавство кон пријателите“, а во петокот весникот Süddeutsche Zeitung објави дека украинската амбасада во Берлин испратила вербална нота до германското министерство за надворешни работи со список на оружја коишто Киев би сакал да ги добие од Германија.
Канцеларот Шолц одбегна директно да одговори на прашањето за можноста за зајакнување на германскиот контингент во балтичките земји. Шолц потсети дека следната седмица, на 10-ти февраури, ќе се сретне во Берлин со литванскиот претседател Гитанас Науседа, како и со естонскиот и летонскиот премиер Каја Калас и Крисјанис Каринс.
„Многу ми е важно да останеме заедно и да ги координираме нашите активности како пријатели, а не да го правиме тоа преку медиумите“, рече Шолц.
САД веќе започнаа со распоредувањето на 3.000 дополнителни војници за јакнење на источното крило на НАТО во Полска и во Романија, како одговот на стравувањата од руска инавазија врз Украина.
„Подготвени сме да сториме сѐ ште е потребно да ја зајакнеме борбената група“ во Литванија којашто ја предводи Германија, додаде Шолц пред средбата со американскиот претседател Џо Бајден во понеделник.
НАТО распореди четири мултинационални борбени единици со вкупно 5.000 војници во Полска, Литванија, Латвија и Естонија по избувнувањето на воените дејствија во Украина во 2014 година. Ткн борбени групи на Алијансата, предводени од САД, Германија, Канада и Велика Британија, би требало да запрат хипотетички напад во регионот и да осигураат доволно време за пристигнување дополнителни сили на НАТО на боиштето.
Шолц во одвоено интервју за телевизијата RTL рече дека гледа одреден напредок во напорите за намалување на тензиите меѓу Западот и Русија со зголемен дијалог било меѓу САД и Русија или во ткн Нормандиски формат на преговорите кои со посредство на Франција, Германија и Русија ги водат властите во Киев и челниците на самопрогласените проруски републики во Донбас. Германскиот канцелар оцени дека „тоа (преговорите) долго беше безживотно“.