Шолц повика на проширување на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика во саботата на проширување на Европската унија, порачувајќи од собирот на европските социјалдемократи дека на тој начин Унијата ќе може да оствари поголемо влијание во глобалните прашања.

Шолц, откако ја презема канцеларската должност, како една од основите на неговата надворешна политика го постави прашањето на Европската унија на балканските и кавкаските земји. Прашањето се експонираше дополнително поради инвазијата на Русија во Украина, на којашто во потегот без преседан на почетокот од ова лето среде војна ѝ беше доделен статусот кандидат за членство во ЕУ.

„Европската унија со 27, 30, 36 држави, тогаш со повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може да има уште поголема тежина во светот“, изјави Шолц на конгресот на Партијата на европските социјалисти (PES) во Берлин.

„Доследен сум на проширувањето на Европската унија. Тоа Унијата да продолжи да се шири кон истокот е ситуација во којашто сите ние добиваме“, рече Шолц.